Син ми првпат прооде на пет години, имав парализа, но сега ги движам раката и ногата, вознемиреноста исчезна и можам да спијам: Интервју со Јован Тасиќ, доктор по традиционална медицина и сведоштва на неговите пациенти од земјава

Добивај вести на Viber

Кога му се обратив на Јован Тасиќ, доктор по традиционална медицина и му понудив интервју, го добив овој одговор: „Не давам интервјуа по меил. Прво дојдете да разговарате со моите пациенти, па потоа решете дали ќе направиме интервју“. Му го побарав телефонскиот број и веднаш му се јавив. „Вашата ординација е во Нови Сад и ќе биде тешко да дојдам“ му појаснив. Следуваше изненадување. „Јас сум во моментов во Скопје, повелете дојдете, овде ќе бидам три дена“. Ми го кажа местото каде што се среќава со пациентите и ми даде можност да изберам кој ден да дојдам и во колку часот.

Прочитав многу негови интервјуа, дознав за неговите успеси. Особено вниманието ми го привлече неговото дело „Отпишаните повторно проодуваат“ промовирано и во Грац, Австрија. Сепак, кога одите на интервју со таква личност, предрасудите што ги наметнува општеството, средината, ви демнат како облак над главата. Влегов во просторијата каде што имаше околу 30 луѓе. Повеќето беа деца, со инвалидитет, ретки болести, парализа. Докторот ме претстави и веднаш им се обрати: „Ве молам не грижете се, нема да ве фотографираат, нема да го откриете вашиот идентитет. Ако некој од вас сака да ги каже резултатите од моето лекување во ред. Ако не, новинарката ќе си замине“.

Сашко Стефановски беше првиот кој сакаше да ја раскаже својата приказна.

- Син ми Климент е роден во седми месец. По раѓањето му дијагностицираа хидро-цефалус. Еден месец подоцна му е вграден пуденс. Кога требаше да прооди, се појави спазам во мускулите и можеше да стапнува со свиткани прсти. После неколку терапии во Македонија, бевме во Словенија. Имаше голем напредок, спазамот го снема и почна да стапнува на прсти. Во Македонија му ја поставија дијагнозата церебрална парализа. Еден ден повраќаше постојано, потоа еден месец беше млитав и немоќен. Испитавме сѐ. Резултатите од магнетна резонанца од глава и ‘рбет, беа во ред. Ги пратив во Германија и во Словенија, и од таму ми рекоа дека сѐе во ред. Во Бугарија ги испитавме генетските мутациии, сѐ беше во ред. Бевме на терапии и вежби и во Павел бања. Потоа му ги оперираа тетивите. Почна полека да стапнува на цело стапало, но никако не се движеше без да се потпира со двете раце на нешто. Пред 3 години, сопругата почна да ја следи работата на д-р Тасиќ.. Кога пред една година објави дека доаѓа во Македонија, сопругата одлучно кажа одиме кај него. Бев скептик. По три месеци терапија, отидовме на редовна контрола и на очно. Докторот забележа значително подобрување на страбизмот кај Климент. Факт беше дека за тоа се заслужни терапиите  на  д-р Тасиќ. Тоа беше моментот на одлука да продолжиме. За да бидам сигурен, не го носевме на други терапии. Климент почна да оди, дури и да трча сам, без да се држи за некого. Бев со него на МКФ комисија и им кажав директно, сите деца со попреченост дали е вид, слух, движење, да ги пратат кај докторот. Господ е голем и има одговор и решение за сѐ. Никогаш не сум изгубил верба и знам дека моето дете еден ден ќе оди исправено и гордо. – вели Стефановски кој дозволи неговиот син да се фотографира со докторот за нашиот портал.

Ме повика мајка на дете со парализа на едната страна. „Со терапиите почна да ја движи нормално ногата, а сега и раката. – ми откри видно задоволна.

Потоа ми се приближи мајка на дете со аутизам. Откри дека со неколку терапии на Д-р Тасиќ, забележале минимално подобрување – детето малку се смирило и почнало повеќе да разбира. 

При првата средба со д-р Тасиќ секој пациент пополнува картон, со свој ракопис. Ми дозволија само да ги фотографирам и да ги прочитам деловите во кои пишува дали и колку пациентите се задовони од терапиите.

На повеќемина им се подобрила состојбата со болки во вратот, анксиозноста, несоницата. Беа запишани и подобрување на состојбата на пациенти со целебрална парализа, Паркинсонова болест, Мултипла склероза. Облакот од предрасуди и недоверба исчезна, особено кога видов со колку љубов д-р Тасиќ им се обраќа на своите пациенти, особено на децата. По терапијата следуваат прегратки и бакнежи. 

- Кога во 1990 година дојдов во Југославија, бев единствен лекар од традиционалната медицина. Прво што воведов беше картотека за секој пациент со свои лични податоци и дијагноза на болеста. Ја пишува и состојбата пред нашата терапија. По одреден број терапии, пациентот оди повторно кај својот лекар, каде што прави нов наод и потоа ја пишува состојба по мојата терапија. Да речеме, по 10-15 терапии кај пациентка миомите исчезнале или се намалиле. Или кај пациент се намалиле епилептичните напади и докторот ги намалил дозите на лековите. Значи, само докторот којшто ги дал лековите, може и да ги намали. Пациентите задолжително мораат да продолжат со терапијата која што ја земале. Моите се традиционални методи на лечење, кои Светската Здравствена Организација ги вклучила во терапиското лечење, затоа што ги покажале своите резултати, заедно со официјалната медицина. – вели д-р Тасиќ на почетокот од нашиот разговор и додава дека ова се терапии коишто одат паралелно со било која друга терапија.

- Хипократ, таткото на медицината, го гледа човекот како едно единствено суштество. Како една целина. Со одредени центри. Кога ќе го придвижи универзалниот лекар - имунолошкиот систем во човечкиот организам, којшто е најдобра фармација на лекови во светот, кога тој ќе го препознае проблемот, полека го решава. Со носењето на информацијата од центрите на мозокот и срцето до периферните центри, до местата каде што треба да стигне, ние своето сме го направиле. Значи, не се работи на болеста, туку на комплетниот човечки организам. Современата медицина го поделила човекот на многу специјалности. Кај нас е поинаку – посочува тој.

Што всушност се прави со овие терапии, беше следното прашање.

- Прво, еден исцелител ја носи космичката или божјата енергија до човечкиот организам, како би го придвижил она што што го нарековме универзален лекар во човечкиот организам - имунолошкиот систем, кој на организмот му создава лек за себе. Амин. И тоа е крај на сѐ. Но, тоа не може секој. Природата надарила одредени луѓе за одредени подрачја. За да го работи ова, еден човек мора прво да има дар од Бога, мора да ја научи медицината подобро од било кој доктор и мора да има срце, како што велам „одовде до Дубаи!“. Второ, мојата работа се плаќа. Терапијата трае најмалку 4 дена. Се прави пауза од 3 недели, за да се стабилизира и одработи организмот. Не е целта да се форсира. Таа терапија пациентот може да ја плати или не. Но, тогаш завршува. Прегледите и т.н прва терапија никогаш не се наплаќаат – појаснува д-р Тасиќ..

Добил голем број награди за својата работа - Српски оскар за еден од најуспешните лекари на подрачјето на Србија, награда за најуспешен лекар на Балканот и европско признание за негување на здравјето. Пред 12 години Словенците неговиот лик го ставиле на поштенска марка, за странство и за домашен сообраќај. Добил признание Клуч за хуманост на градот Нови Сад. Вброен е во 100-те најпознати луѓе кои некогаш живееле во Нови Сад. Во Љубљана добил исто такво признание. За 33 години работа, вели дека имал повеќе од 280 илјади пациенти, деца со церебрална парализа, со аутизам, со спинална мускулна атрофија, епилепсија. Тоа не го нарекува работа, туку мисија.

- Човек колку и да е даден од Господ, се дава и себеси. Тука е пред сѐ присутна љубовта. Децата ве чувствуваат. Затоа што љубовта е централната работа којашто го движи светот. Ако ве почувства детето и ако ве сака и ве прегрнува како свој родител, тоа значи дека нешто се случува –категоричен е тој.

Има свои центри во Словенија и во Србија. Вели дека е еден од ретките, кој во три држави плаќа данок, вклучувајќи ја и Македонија, но затоа спие мирно. Цените на терапиите се секаде исти. Во Скопје дошол поради своите пациенти кои доаѓале кај него од многу краеви на Македонија.

Има напишано 10 книги, кои се преведени на 7 јазици, дури и на арапски јазик. Тие носат наслов „Отпишаните повторно одат“. На прашањето кога ја почувствувал енергијата, кога почнал да лечи одговара категорично:

- Во 1985 година се најдов на островот Угљан, кај Задар, кадешто беа присутни божји луѓе, духовници. Се одржуваше конгрес на парапсихологијата на Југославија. Дојдов по инсистирање на мојот пријател адвокатот Давор Буљан. Тоа беше период кога ми беше најтешко во животот, кога мислев дека мене ми е потребна помош. Но, кога се сретнав со нив тие божји луѓе ми рекоа дека и јас можам да им помагам на луѓето. Дека сум еден од ретките во светот. По нивна иницијатива завршив факултет за традиционална медицина.во Лондон. Се вратив во Југославија како лекар по традиционална медицина и почнав да работам. Тоа е накратко. Инаку, приказната е многу долга. Роден сум во Лесковац, на 6 години отидов во прво одделение. На 14 години побегнав од дома за да учам во воената гимназија во Загреб. Завршив електро-технички факултет. Во војска работев 6 години, по тоа приватно, сѐ до моментот додека не се случи ова. Потоа завршив медицинско училиште, факултет за традиционална медицина и во Берлин магистрирав психологија на NLP Академијат.а – раскажува д-р Тасиќ.

Работи со луѓе од различни структури. Вели дека пациенти му биле претседатели на држави, професори, доктори, шеици. За жал, најмногу деца заболени од церебрална парализа, од аутизам, од епилепсија, од ретардација на психомоториката, од спинална мускулна атрофија.

- Глобален светски проблем е аутизмот. Кај нас повеќе од 30 години работиме со такви деца и тие не само што прозборуваат, туку и тргнуваат во редовно училиште. Секому сме помогнале, некому повеќе, некому помалку, некому побрзо, некому побавно, но тие резултати ни даваат голема надеж, затоа што овие се единствените терапии кои што всушност покажале големи резултати кај такви деца. Дефектолог, логопед секако дека се потребни. Аутизам е всушност еден вишок на неканализирана енергија, кој што се манифестира преку блокирање на центарот за зборување, се создава една хиперактивност и разредена флора на цревата кај децата. Тоа не е болест, туку е состојба. Поради тоа не може да се лекува со лекови. Единствено со дефектолог, логопед. Луѓето пробале со разни диети, коишто за жал не дале резултати. Имав соработка со Медицинскиот факултет во Њујорк, со професорката Жаклине Лојтинг, која беше претседател и со години го водеше проблемот со аутизмот. По нејзина препорака, дете со аутизам од Њујорк дојде кај мене на терапии за време на бомбардирањето на Југославија. Агенти на ФБИ го следеа до границата со Унгарија. Детето прозборе. Професорката ми го напиша следното: „Тоа што ние можеме, го сторивме. Повторувавме одредени дејствија, вклучивме диети, логопеди и дефектолози. Но, ако работиме повторување на одредени дејствија, ако на детето му речеме, на пример, да донесе чаша, тоа го прави, но, по некое време кога ќе прејдете на друго – детето тоа го заборавило.“ Значи, со овие терапии кога ќе дојде до резулати, тие се од трајна природа и само се надградуваат еден со друг. Потребно е време и континуитет. Секоја терапија остава траг, а покрај неа, секако се работат и другите терапии- открива Тасиќ и додава примери за повеќе негови успеси.

 - Докторката ѝ кажала на мајката: „Вашето дете е родено со неразвиен очен нерв и никогаш нема да може да гледа!“ Потоа дојде кај мене. Детето прогледа, заврши и средно училиште. Гледа толку за да може самостојно да чита, да пишува, да оди. Кога тоа се случи ме гледаа како светско чудо во тогашна Југославија. Новинарите се обратија до професорката Славковиќ од Нови Сад која ја даде дијагнозата за детето. Ја прашале: „Професорке, вие рековте дека Милош никогаш нема да прогледа!“ А таа одговорила: „По мојата медицина и по тоа што јас знам, Милош и сега не треба да гледа. А јас гледам дека Милош гледа. Што направил доктор Тасиќ, не знам.“ И тоа е најискрениот одговор. И јас не знам многу, но мое е да знам, мое е да ги ставам рацете на пациентот, максимално да се дадам себеси и се случува тоа што се случува. Најдраги ми се случаите кога детето ќе прогледа, кога детето ќе прозбори, кога ќе ги направи првите чекори по 5-6 години. Имаме деца со аутизам кои што завршиле средно училиште, тие се веќе луѓе. Имаме и во Скопје едно такво дете. До 6 години не зборувало, а сега оди во 4-то одделение во редовно училиште. За мене напишаа вака: „Лекар кој дава надеж во безнадежноста.“ Ми донесоа девојка болна од мултиплекс склероза и по 6 дена стана и направи чекори – открива тој.

Вели дека е православен христијанин, човек без години кои ги почитува сите луѓе, вери и религии. Аполитичен е. Верува во Господ, затоа што благодарение на него се занимава со оваа работа. 

- Кога на Словенците нешто ќе им завршите, тие ви велат фала. А вие велите маленкост? Што значи тоа „маленкост“? Тоа е најмалку што можев во овој момент да го направам за вас. Судбинските и кармичките болести не можат да се лечат. Наше е да се обидеме. Не дијагностицирам. Иако чувствувам на кое место треба да работам и тоа е еден вид дијагностика. Никогаш на никого не сум му рекол што му е. Можам еднаш да згрешам, а тоа ќе биде погубно за пациентот. Жена која имала проблеми со вилицата ѝ рекле дека има карцином. По долги испитувања констатирале дека била обична гангрена на забот. Но, сетоа тоа ја довело до таква ситуација да дојде кај мене и да се лечи од психоза. – посочува тој и дополнува дека традиционалната медицина, работи на духовно, односно енергетско тело,. затоа што тука се сместени сите органи.

- Современата медицина го лечи телото. Затоа велам дека имам Центар за коплементарна медицина, затоа што сѐ заедно дава резултат да се подобрат или излечат таканаречените неизлечиви болести. Дури во Словенија добив и Златна плакета за лекување на неизлечиво болни луѓе. Или болести кои се енигма за современата медицина. Конкретно, сѐ што доаѓа од мозокот. Проучени се само 14% од мозокот. Од еден метар кога ќе одземеме 14 сантиметри гледаме дека повеќе е мрак, односно непознато. Поради тоа, сѐ што доаѓа од мозокот, аутизам, епилепсија, па и мултиплекс склероза, во медицината се води како неизлечива болест. Затоа овие терапии даваат резултати и кај таквите случаи. Немам познавања како невропсихијатр или неволог, но го познавам пристапот на традиционалната медицина, кој го застапувал Хипократ. И доаѓаат резултатите. – вели д-р Тасиќ.

Постигнал видливи резултати и во стерлитетот.

- Имав случаи кога доаѓаа жени кои пробале петпати да се оплодат и не успеале, иако органски се здрави. Затоа што организмот не е спремен. Вие не можете да фрлите пченица на асфалт и да очекувате да никне. Мора да имате тело кое што е спремно. Едноставно постои тој енергетски систем кој не е во баланс со нашето физичко тело. Со овие мои терапии пред сѐ се доведува организмот во еден баланс, во една рамнотежа. Се придвижува имунолошкиот систем, кој го препознава проблемот и го решава. Една госпоѓа прво дојде кај мене да се лечи од дијабетис, го добила од хормоналните терапии. Беше како исцедена крпа. Денес има две деца. Тоа што јас го работам е можност, дар на исцелување, односно лекување, со што се надарени одредени луѓе. - посочува тој.

На крај од нашиот разговор го цитира Хипократ „Ако знаете нешто со што на човекот можете да му помогне, а вие не го направите тоа, вие исто правите злосторство.“

- Секогаш велам дека официјалната медицина е наука која се занимава со здравјето на луѓето. И јас земам одредени таблети, за да живеам полесно. Ова што јас го работам, се методи стари илјадници години, кои треба да се здружат со најсовремените научни достигнувања, за да дојдеме до врвни резултати. За да човекот биде здрав, за да го следи своето здравје, пред сѐ треба да размислува позитивно, да се сврти кон човекот и кон природата и да го отвори срцето кон животот и кон љубовта. – порачува д-р Тасиќ.

СОЊА АЛЕКСОСКА НЕДЕЛКОВСКА