,

Синот на Стојанче Стоилов наполни една година: Малиот Бојан позира со мама и тато за роденденот (ФОТО)

Во август минатата година, македонскиот ракометен репрезентативец Стојанче Стоилов се оствари во улогата на татко. Неговата животна избраничка Деница роди момче.

Ова е прво дете за Столе и Деница.

Првите фотографии од синот на Стојанче јавноста ги виде пред заминувањето на среќниот пар од болницата, на кои е фотографиран Столе со својот син за кој го одбраа името Бојан.

Деновиве Бојан наполни една годинка, а Стојанче ги израдува обожавателите со семејна фотографија од синчето кое позира со среќните родители и тортата.