Актуелно // Insta вести
Синот на Зуица Лазова и Наум Петрески прослави полуматура: „Светла иднина да имаш“
Помалото дете на фолк двојката Зуица Лазова и Наум Петрески прослави полуматура.
Синот Стефан за својата полуматура одбрал интересна комбинација на облека. Тренди костум, со интересен дезен во црна боја и црна кошула.
„Мајкин... Светла иднина да имаш...“, напиша гордата мајка до објавата со фотки од полуматурантот.
Познатата двојка освен Стефан ја има и ќерката Македонка, која е студент на Факултетот за музичка уметност, каде студира соло пеење.
Во една прилика, Зуица откри дека и Стефан тргнал по нивните стапки и дека свири на гитара, но дека уште не знаат дали ќе ја избере музиката како идна професија.
Фото: Фејсбук - Зуица Лазова
Тајно се венчаа Наум Петрески и Зуица: По 16 години заеднички живот се заколнаа на вечна љубов пред Бога (ФОТО)