Синовите на контроверзната актерка се декларираат како полово неутрални: Изгледаат како девојчиња

Добивај вести на Viber

Додека некои коментираат за чудната врска помеѓу Меган Фокс (35) и Ган Кели Машин (31), како и нивната неодамнешна свршувачка, најновите фотографии од нејзиниот поранешен сопруг Брајан Остин Грин (48) со нивните деца го привлекоа вниманието на другите.

Нивните синови Ноа (9), Бади (7) и Џорни (5), кои „не изгледаат како момчиња“, како што пишуваат американските медиуми, биле видени со својот татко за време на прошетка низ Малибу само еден ден откако Фокс се вери. Најстариот Ноа носел шарени панталони и маица со линии, а другите двајца маици и панталони. Инаку трите деца имаат долга коса.


Грин е посветен на децата, што го покажува на својот Инстаграм профил, а извор близок до него открил за „E!News“ како се чувствува по свршувачката на поранешната сопруга.


„Не е изненаден што таа се вери, знаеше дека ќе се случи тоа. Тој е фокусиран на своите деца и едноставно сака да биде тука за нив“, рекол изворот.

Брајан никогаш не сакал неговата врска со Меган да влијае на нивните деца, а поранешната двојка решила да ги воспитува своите синови како полово неутрални и да им дозволи да се облекуваат како што сакаат.

„Слушнав некои луѓе кои велат дека не се согласуваат со носење фустани. Само треба да им кажам дека не ме интересира нивното мислење“, изјави актерот кој се прослави во серијата „Беверли Хилс“, 90210.


Кога станува збор за фустаните, Ноа е во водство, ги облекува за на училиште, а потоа трпи исмејување од другите деца. Меган во една прилика изјави дека е вознемирена што јавноста го критикува изборот на гардеробата на нејзините синови.

„Не сакам никогаш да прочита такви глупости затоа што доволно му е што ги слуша сите деца со кои оди на училиште. Тие му велат „Момците не носат фустани.“  Го запишав во либерално, хипи училиште во Калифорнија, но дури и таму другите момчиња често му велат: „Момците не носат розе“, рече во една прилика Меган.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Инстаграм - brianaustingreen/meganfox