„Сирена очи“ за заводлив поглед: Најновиот трик во шминкањето ќе ве направи вистинска заводничка (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Овој трик за шминкање очи ќе ве претвори во вистинска заводничка

Бидејќи сирените се митолошки суштества кои со векови се сметаат за симбол на неодоливо заведување, не е ни чудо што се појави нов тренд на шминкање што корисниците на TikTok го нарекуваат „сиренa очи“.

Со ваква шминка ќе добиете ефект на мистериозен изглед, како и ефект на благ лифтинг, па не е ни чудо што многу светски ѕвезди како Зендаја, Бела Хадид, Алекса Деми се одлучиле за овој изглед за црвениот тепих.

Овој трик за шминкање е нова верзија на класичниот изглед на „cat eye“, а се работи за „продолжен“ изглед на мачкиниот поглед каде потегот со молив или мастило е продолжен во внатрешниот агол на окото кон носот е се издолжува на надворешното 'крило'. Постигнувањето на оваа „ноар“ слика е всушност многу едноставно – ако сте вешти со мастило или молив.

Овој трик бара и малку експериментирање бидејќи треба да се прилагоди на одредената форма на окото. Оние со помали очи можат визуелно да го „отворат“ средниот дел на очниот капак со молив во боја на кожа, оние со поблиску поставени очи треба да стават малку помалку ајлајнер во внатрешниот агол, а може дополнително да ги отворат очите со посветла бисерна сенка.

@daniellemarcan you asked, i receive <3 #sireneyes #makeup #beauty #smokey original sound - DANIELLE


ФОТО: Screenshot Instagram/TikTok