Сите корисници од КЕЦ Гевгелија ќе имаат краток прекин во напојувањето со електрична енергија

Добивај вести на Viber

По барање на АД МЕПСО со цел модернизирање на ТС 110/35/10kV Валандово, планиран е прекин во снабдувањето со електрична енергија на територијата на општина Гевгелија и поширокиот регион.  Без напојување со електрична енергија на ден 29.02.2020 (сабота), во периодот од 05:00 до 10:00 часот ќе бидaт корисниците од Гевгелија (освен централното подрачје), Негорци, Мрзенци (освен влезот на селото), Прдејци, Моин, Ново Коњско, Нов Дојран (освен влезот кај Истатов), Ѓопчели, Фурка, Црничани. На почеток и крај на терминот сите корисници од КЕЦ Гевгелија ќе имаат краток прекин во напојувањето.