Сите љубови на Цеца Ражнатовиќ: Ја поврзуваа со овие мажи, никогаш не сакаше да зборува за тоа, за неа постоеше само еден

Фолк ѕвездата Свелана Цеца Ражнатовиќ важи за некој кој не сака јавно да ги експонира своите врска, иако откако се дозна дека е во врска по неколку години помладиот Богдан, работите малку се променија.

Пред него, медиумите често ја поврзуваа со некои мажи, а во продолжение погледнете со кои од нив најчесто беше главна тема:

1. Владан Лукиќ 

На почетокот на нејзината кариера, Цеца наводно била во врска со поранешниот фудбалер и претседател на Црвена звезда Владан Лукиќ. Лукиќ беше првото познато момче на Цеца, но врската не траеше долго. Тој еднаш рече дека се запознале кога тој имал 18 години, а таа 15.

2. Дејан Марјановиќ Шабан

Со Шабан започнува нејзината склоност кон жестоки момци. Додека беа заедно, тие честопати беа гости во белградскиот клуб „Бојан Ступица“, а Марјановиќ важеше за некрунисан крал на Звездара во тоа време. Тој беше застрелан во 1994 година на Булеварот на револуцијата.

3. Хајрудин Харо Самарџиќ

Додека живееше во Швајцарија, на 20-годишна возраст, таа започна страсна врска со Хајрудин Самарџиќ, естраден менаџер и фудбалер. Таа беше во врска со него три години, а нивната романса не наиде на одобрување од јавноста поради национализам.

4. Жељко Ражнатовиќ Аркан

За време на нејзиниот престој во Европа, додека го разгледувала германското издание на списанието Плејбој, Цеца ја видела сликата на Аркан. Потоа, според неа, „го видела најубавиот маж на светот“. За време на романсата со Цеца, Аркан сè уште бил во брак со Наталија Мартиновиќ, и тоа му бил втор брак. Жељко ја запроси пејачката по пет месеци врска. Се верија во 1995 година, а нивната венчавка во медиумите беше наречена „свадба на деценијата“. Цеца со него доби две деца, Вељко и Анастасија. Сепак, во јануари 2000 година, Аркан беше убиен.

5. Владимир Вуксановиќ

Влада и Цеца никогаш официјално не потврдија дека се во врска, но во 2009 година се шушкаше дека се во романса. Таа постојано изјавуваше во медиумите дека се само пријатели.

6. Владимир Цветковиќ

Манекенот од Нови Сад беше првото момче за кое призна дека се забавува и со кого се појави во јавноста по убиството на Аркан. Сепак, оваа романса не траеше долго, бидејќи Влада и Цеца раскинаа по само шест месеци врска.

7. Александар Јововиќ

Цеца и Александар се запознаа на снимањето на спотот за песната „Добро сам прошла“, а потоа во медиумите се пишуваше дека фолк дивата е во врска со младиот манекен.