Сите му завидуваа на колегата на Новак затоа што ја бакнуваше најубавата жена на планетата: Се додека не ги видоа нејзините фотографии без фотошоп
Мадалина Дијана Џенеа
се појави на црвениот тепих на фестивалот во Кан и сите имаа можност да видат
како таа навистина изгледа.
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е многу близок со својот колега Григор Димитров, кој неодамна се најде во центарот на вниманието на јавноста поради неговата наводна врска со една од најубавите жени на светот, манекенката Мадалина Дијана Џенеа.
Заносната бринета со години се наоѓа на листите на најпривлечните и најсексипилните, а не е изненадување што беше партнерка и на многу моќни мажи како Џерард Батлер или Леонардо ди Каприо.
Сега се чини дека нејзиното срце го освои згодниот Григор, а иако се‘ уште нема официјална потврда за романсата, на мрежите се најде означена фотографија од заедничката вечера. Во превод - ни останува да погодиме што навистина се случува меѓу нив.
Но, со шпекулациите за можна романса, расте и интересот за самата Мадалина Џенеа, која токму во моментот кога се зборуваше за нејзините љубовни врски, на својот профил ги објави фотографиите што ги направи за новата кампања за костими за капење.
Атрактивната Романка изгледаше фантастично, а тешко е да се каже која од која фотографија е подобра. И мажите и жените ја коментираа нејзината фигура која го одзема здивот, како и нејзиното ангелско лице кое предизвикува споредби со Софија Лорен.
И сето ова ќе беше одлично доколку Мадалина неодамна не направеше една голема грешка - се појави на фестивалот во Кан, а според многумина недоволно одморена или со лоша шминка.
Кога ќе ги погледнете нејзините нови фотографии и воопшто, повеќето објави на нејзиниот Инстаграм, Мадалина изгледа како да има дваесетина години. Нејзиното лице е беспрекорно, без брчки или „вреќи“ под очите, мозолчиња и слично.
Меѓутоа, тоа е друга приказна во живо, и до тој степен што можете да прочитате дека жената на мрежите и онаа од пред неколку дена на црвениот тепих не се иста личност.
Како и да е, погледнете уште неколку фотографии од новата кампања:
... а потоа и спорните, од Канскиот фестивал.
Иако Мадалина е убава жена, мора да признаете дека сепак изгледа поинаку отколку на фотографиите на мрежите, поради што многумина се разочарани.
Инаку, ова не е прв пат згодна Романка да биде мета на критики. Така, во минатото веќе се дебатираше за нејзиниот изглед и дали тоа е дело на мајката природа или добиено со интервенции, особено кога на мрежите се појавија нејзини стари фотографии.
Нема сомнеж дека во минатото изгледала поинаку.