Најфаталната жена во Европа е Романката поради која паднаа најмногу вилици во 2022 година: Доминираше на црвениот тепих како никој – фотки за паметење
фото:PROFIMEDIA
Ако некој се истакна на црвениот тепих во 2022 година, тоа беше дефинитивно актерката и модел Мадалина Дијана Генеа.
Велат дека дефиницијата за жена „famme fatale“ е олицетворение на женственоста, дама на која никој не може да ѝ одолее и пред која се' престанува кога ќе се појави. Актерката и модел Мадалина Дијана Генеа често ја добива оваа титула и ако не' прашате нас - оправдано. Таа доминираше на црвените килими во текот на 2022 година, предизвикувајќи големо внимание каде и да се појави, додека нејзините фустани беа непогрешливи.
Фаталната Романка многумина ја нарекуваат наследничка на Софија Лорен. Модните експерти секогаш ѝ даваат високи оценки, посочувајќи дека таа е „олицетворение на гламурот“ и дека никогаш не ја преминала границата на добриот вкус.
Изданието кое добро се памети е она што таа го претстави на 79. Филмски фестивал во Венеција кога се појави во фустан Версаче со ликот на Мерлин Монро.
фото:Anthony Harvey/ Shutterstock EditorialFoto:Profimedia
Во моделот „Версаче“ изгледаше како вистинска божица на стилот и убавината.
Сепак, на Римскиот филмски фестивал, кој траеше од 13 до 23 октомври, докажа зошто ја носи титулата „fem fatale“. Тогаш ги промени тоалетите и направи спектакл, а фотографиите го обиколија светот.
Инаку, познатата Романка со години живее и работи во Италија. Кариерата ја започнала на само 15 години, кога ја открил италијанскиот дизајнер Гатинони. Меѓутоа, кога се прослави, направи многу козметички корекции. Таа била во неколку сериозни врски, од кои најпознати се оние со актери како Леонардо ди Каприо, Џерард Батлер и пејачот Ерос Рамацоти.
Погледнете ги изданијата во кои Мадалина го освои светот:
„Новата Софија Лорен“ е фатална русокоса: Се колнат дека е најубава жена која гази по Италија, а на премиерата на филмот „Гучи“ им го помати разумот на сите со огромно деколте
Велат дека е најубавата жена од Европа, а сега во чипка и мрежа направи спектакл на црвениот тепих