Сите паднаа во несвест кога ја видоа тортата од 4 метри: Ниту младенците, ниту гостите никогаш нема да ја заборават оваа свадбена веселба

Добивај вести на Viber

Фото: Instagram / bespokecakesbysamuk 

Свадбена торта висока 4 метри? Прекрасна идеја која ниту гостите на свадбата, ниту младенците никогаш нема да ја заборават...

Сем Вендфруд е мајстор за торти за која зборува цел свет. Нејзината свадбена торта е на насловните страници на британските медиуми, бидејќи ваква креација не е видена досега.

Фото: Instagram / bespokecakesbysamuk 

Свадбата на која толку многу работеше Сем беше исполнување на соништата за Медлин Бартон, која на само 18 години се омажи за својот љубен од детството.

Таа и нејзиниот свршеник Патрик, кој е само две години постар од неа, решија да ја изнајмат балската сала во магичниот хотел „Савој“ во Лондон за нивната венчавка. Тоа ги чинело младенците 50.000 фунти, а само за тортата потрошиле повеќе од една петтина од таа сума.

Ова неверојатно дело е високо речиси четири метри. Тие се во основа помали колачи (околу 20 см во дијаметар) украсени со цветни венци, од кои секое може да се одвои и да се сервира на гостите. Од таа основа се издига замокот, чија основа е направена од стиропор, а завршува со мини куполи кои настанале благодарение на 3Д принтер.


На „спратовите“ на овој замок има безброј мини колачи, а за украсување на целата оваа неверојатна градба биле потребни огромни количини шлаг. Одвнатре е осветлена со ЛЕД светла, па погледнете колку прецизно се изработени сите детали! Секоја чест!


Извор:  Lepa&Srećna.rs