Сите што сакате да ѝ бидете снаа, подгответе се: Миа откри каква свекрва ќе биде
Една од нашите најпознати и најотворени инфлуенсерки кај нас, Миа Костова редовно е во комуникација со своите следбеници. Таа е секогаш отворена, директна и своја на социјалните мрежи и не ретко остава простор нејзините следбеници да ја прашаат онаа што ги интересира.
Сите оние кои ја следат, а ја следат над 58.000 корисници ѝ поставуваат најразлични прашања, на кои таа несебично им одговара, но овој пат доби прашање кое не е наведено од кој е, но навистина се разликува од досега поставените.
Ја прашаа каква свекрва мисли дека ќе биде, а Миа на тоа одговори вака:
„Ќе се обидам да сум праведна. Битно ми е рој да е среќен, ако е, тогаш нема да имаме никави пробелми...“, одговорот инфлуенсерката го заврши со смајли кое се смее со солзи.
Фото: Инстаграм - Миа Костова