СИТЕ ТРАНСФОРМАЦИИ НА КАЛИОПИ: Поп-дивата со нов имиџ во Будва

Добивај вести на Viber

Калиопи Букле сношти одржа успешен концерт во црногорскиот туристички центар, Будва. На својот инстаграм профил, поп-дивата објави слика од прошетката низ Будва, со нов имиџ.

Фотографија од вчера, пред концертот во Будва, Калиопи објави на својот инстаграм профил

Калиопи, чиј заштитен знак беше долгата коса, овој пат значително ја скрати. Ова не е нејзина прва трансформација. Таа е позната како дама која често знае да направи драстични промени во имиџот. 

Во 2006 година, пред да одржи концерт во Хрватскиот народен театар во Сплит, Калиопи ја изненади јавноста со нова фризура

Во 2006 година, пред да одржи концерт во Хрватскиот народен театар во Сплит, Калиопи ја изненади јавноста со нова фризура. Таа ја скрати долгата црна коса и стана блондинка. Со сличен имиџ, таа се појави и на домашниот избор за „Песна на Евровизија“,  настапувајќи со песната „Силна“. Од блондинка, таа  се фарбаше во црвено, па си ја врати старата боја на коса.

Калиопи на настап во Струга во 2007 година

Коментарите на фановите и на пријателите велат дека Калиопи со новата, пократка коса изгледа многу помладо. „Толку ми недостигаш, што почнав да те сонувам. Доаѓај почесто во Сараево“, напишал еден фан на Калиопи под сликата. 

Таа сподели видео во живо од концертот во Будва, на кое се гледа топлиот прием на публиката која заедно со неа ги пееше омилените песни. (М.Џ.)