Сите во Солун, а таа во Берово за продолжен викенд: Македонската водителка ги засука ракавите за домашен ајвар

Добивај вести на Viber

Водителката на утринската програма на Канал 5 телевизија и инфлуенсерка, Јелена Спенџарска, плажата и топлото сонце од Солун, ги замени за ладните посвежи утра во Берово. Но привремено додека трае сезоната на правење зимница.

Додека некој ги користи последните сончеви денови за на плажа, Спенџарска одлучи дека токму сега е најпогодно продолжениот викенд да се искористи за домаќински работи.

Имено, пејачката објави фотографии на Инстаграм од подготовката на домашниот ајвар.

„Забавата може да почне“, „Лиги ми течат“ и „Кој сака нека повели“, беа коментарите на инстаграм приказните објавени од водителката.

И за на крај „јаготката на шлагот“ е парче сирење на лепче со ајвар. Е, па наздравје! 

Фото: Инстаграм
РЖМ