Моден фокус // Трендови
Сите зборуваат за ретро панталоните на Елена Петреска
Пејачката Елена Петреска е дел од нашите јавни личности кои негува оригинален стил на облекување.
Облечена во свилени широки пантолони во маслинесто зелена боја и со куса маица која ја исткана нејзината линија, Петреска сношти привлече внимание на концертот на нејзината колешка Дани Димтровска во Македонската Филхармонија. Елена се одлучи за ретро парче кое е сѐ поомилено кај светските модни блогерки.
Стајлингот, Петреска го искомбинира во мантил во крем боја која е повторно хит оваа сезона.