Фудбалскиот сојуз на Аргентина на семинарот за претстојното Светско првенство подели прирачник за рускиот јазик и култура во кој централен дел зазема приказната за Русинките, односно советите како да се заведат жените во оваа земја.
„Првиот впечаток е многу важен, затоа внимавајте како изгледате“ – стои во официјалниот водич наменет за играчите, челниците на советот и новинарите.
Авторот оди и чекор понатаму.
„Многу мажи, бидејќи Русинките се преубави, само сакаат да ги однесат девојките во кревет, но и тие сакаат се чувствуваат важно и единствено. Нашиот совет е да се однесувате кон нив како кон личности“ – стои во прирачникот.
Ова беше протолкувано како скандал.