Скандалозна реакција на пациент на операциона маса ја шокираше јавноста: Додека му спасуваше живот, докторката доживе невообичаена непријатност

Кога ѕидовите на операционите сали би можеле да зборуваат, сигурно би имале многу радосни приказни за раскажување, опишување медицински подвизи, но и некои тажни и трагични исходи. Меѓутоа, понекогаш се случуваат ситуации кои не можат да се предвидат, а се однесуваат на, благо кажано, бизарни реакции и постапки на пациенти во состојба на свест или пак зашеметеност поради анестезија. Едно видео стана вирално на социјалните мрежи и секако, покажува како еден пациент, иако е на операционата маса, го допира и стиска задникот на докторката која ја изведува хируршката процедура. Некој сето тоа го снимил, па можеме да видиме дека докторката воопшто не е задоволна од ваквата постапка на момчето, туку дека шокирана се свртела и погледнала во анестезиологот, кој само го подигнал палецот во знак на потврда дека пациентот сè уште бил буден.


Во коментарите можеме да дознаеме дека не се работи за вондредна ситуација, туку често се случува пациентите рефлексно, или под изговор на рефлексивно дејство, да „удираат“ по лекари или анестезиолози.

Дознавме дека поради неконтролираните дејствија и движења, ниту лекарите не се поштедени од непотребни блиски контакти со пациентите на операционата маса под дејство на анестетици, но како што заклучил некој - искуствата се различни, важно е сеќавањата да бидат добри.

Извор: zena.blic.rs