Скопјанката Вики Китанова и славниот фудбалер Дејвид Бекам се соседи во Мајами
Среќавањето на познатите личности во Мајами е речиси секојдневие за луѓето кои живеат во престижните населби во градот. Токму една од нив е нашата соговорничка Вики Китанова, македонска иселеничка која живее во центарот на Мајами во „Мајами Мидтаун". Таа се занимава со приватен бизнис.
На една од нејзините прошетки со пријателките во „нејзиното маало“ го сретнала легендарниот фудбалер Дејвид Бекам!
- Среќавањето на познати личности е секојдневие и речиси никогаш не им приоѓаме, бидејки ја почитуваме нивната приватност. Во овој случај исклучок беше Дејвид Бекам, бидејќи моето семејство е голем фан на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед. Мојот помал син никогаш нема испуштено ниту еден натпревар на „Црвените ѓаволи“. Токму поради тоа настанаа фотографиите со него. По краткиот разговор, дознав дека фудбалската легенда е мој сосед и живее непосредно до нас. Го среќавам често, секогаш нé поздравува сите и навистина е прекрасна личност. Културен и одмерен. – вели Вики и открива дополнителни податоци за зградата кадешто живеат.
Зградата народски наречена „Вселенски брод“ е нешто што секогаш ме остава без здив иако ја гледам секој ден. А токму тука живее и најчесто престојува Дејвид Бекам, иако има повеќе недвижности. Токму овде го поминува поголемиот дел од неговото време. Оваа зграда е ремек дело во архитектонска смисла, изведено од познатата архитекта Заха Хадид. Вистинското име и’ е „One Thousand Museum Miami“ и е една од најлуксузните згради во целиот свет. Локацијата е „врската“ помеѓу сите овие посакувани дестинации, кои се на само неколку минути од „Мајами Бич“ и финансиската област Брикел. Во наредните години, непосредната населба во центарот на Мајами ќе продолжи да се трансформира и да станува уште попривлечна како резултат на инвестиции од преку 50 милијарди американски долари во врвна трговија на мало, угостителство и забава во близина – посочува Китанова.
Мајами е место кадешто постојат и полуксузни населби кои се со рестрикциран пристап, во кои секој детаљ е „отсипен во луксуз“, меѓутоа според неа магијата е во „Мајами Мидтаун", кој е срцето на градот не само поради луксузот туку поради духот.
Го завршуваме разговорот и Вики, која се обидува да ни ја долови атмосферата и духот на Мајами, велејќи: „Магијата се луѓето коишто го живеат својот сон или се борат за него. Тоа е нештото што го прави ова место посебно!“
С.А.Н.