,

Skopje City Mall Ве повикува на најголемото маскенбал доживување Mask n Mall

- По повод Денот на шегата 1-ви април, Skopje City Mall организира конкурс за најдобра маска и забава. На вториот кат пред Cineplexx ќе биде поставен фото-корнер како фото студио каде што сите маскирани кои сакат да учествуваат во конкурсот ќе имаат можност да се фотографираат од 12:00 до 21:00 часот. Фотографиите ќе бидат објавувани низ текот на целиот ден на официјалната Фејсбук страна на молот. Фејсбук фановите ќе можат да гласаат со лајкување на фотографиите, a најлајкуваните фотографии ќе добијат награди: 1 x gift card Skopje City Mall со вредност од 5.000.00 денари, 5 x Bluetooth звучници, 94 x персонализирани чаши со фотографиите од конкурсот.

Гласањето ќе трае до 2-ри април 22 часот, по што ќе бидат објавени резултатите на Фејсбук страната и на веб страната на Skopje City Mall.

Mask’n’Мall прерасна во традиционален настан со кој Skopje City Mall го одбележува Ден на шегата, а оваа година во прославата ќе бидат вклучени и финалистите од конкурсот „Биди официјалниот влогер на Skopje City Mall“, влогерите Иван Ајнштајн и Андреј прави влогови. Ги повикуваме сите да го искористат викендот и да дојдат со своите семејства да се забавуваат, да ги покажат своите интересни маски и да уживаат во атмосферата.