Скопје Сити Мол лансираше дигитална алатка преку која ќе ги наградува своите посетители

Добивај вести на Viber

Во пресрет на одбележувањето на 10-годишнината од отворањето, Скопје Сити Мол лансираше мобилна апликација - MojCityMall каде на едно место ги имате сите информации и дополнително ги наградува лојалните посетители на трговскиот центар. Преку апликацијата MojCityMall посетителите на Скопје Сити Мол ги имаат на едно место, во својот паметен уред, сите корисни информации кои се однесуваат на работењето на трговскиот центар, како што се: работното време, локацијата на продавниците, нивните контакт-податоци, вклучувајќи ги и линковите до нивните профили на социјалните мрежи, кино програмата, како и сите новости поврзани со нови продажни акции, промоции, кампањи и настани во рамки на шопинг центарот.

Апликацијата MojCityMall претставува дигитална платформа преку која корисниците, со секоја посета на трговскиот центар, добиваат поени кои можат да ги разменат за одредени награди. Првите  поени се добиваат уште при преземањето на апликацијата од GooglePlay или AppStore, а дополнителни поени се добиваат при креирање кориснички профил, за заследување на што поголем број продавници, како и за секоја следна посета на трговскиот центар.

За одредена количина собрани поени, корисникот на апликацијата може да избере некоја од  наградите што ги обезбедува трговскиот центар, а добива и дополнителна можност да користи и различни поволности, попусти, шопинг ваучери, бесплатни производи и услуги, како и друг вид  специјални награди кои ќе ги доделуваат продавниците што се наоѓаат во состав на трговскиот центар.

„MojCityMall е иновативна платформа која е осмислена и дизајнирана да креира повеќекратни придобивки за посетителите, како и за нашите партнери – закупците на простор во трговскиот центар. Покрај тоа што таа овозможува да ги наградиме нашите верни посетители, што е нашата примарна цел, таа истовремено и ги анимира потрошувачите, овозможувајќи им на брз и едноставен начин да ги дознаат сите новини во понудата и работењето на трговскиот центар и продавниците во негов состав, што е на иста линија со нашиот слоган – СÈ ШТО САКАМ“, Дамјан Корубин маркетинг менџер на Скопје Сити Мол.

„Истовремено сме особено горди на тоа што со оваа иновација, која ја лансираме во пресрет на прославата на првата деценија од нашето постоење, уште еднаш ја потврдуваме позицијата на Скопје Сити Мол во креирањето амбиент за супериорно шопинг искуство на потрошувачите и во создавање најдобри услови и бизнис можности за нашите партнери – закупците“,  потенцира Дамјан Корубин

Наградите и пријатните изненадувања за корисниците на МојCityMall веќе се обезбедени и ги очекуваат сите оние кои уште од денеска ќе ја инсталираат апликацијата на своите паметни телефони и ќе го посетат Скопје Сити Мол.

Линк до апликацијата https://shoppingmall.download/skop

Повеќе инфорамции на https://skopjecitymall.mk/aplikaczija-mojcitymall/

ПР објава