Скопје сити мол се погрижи за несекојдневно поминат 8 Март
Вечера со Шеф Марк, пијалак со Дарио, претстава со Џамбазов или музика со Драган Б. Костиќ, исклучителна дружба со некој од четворицата вистински џентлемени
Осми март е значаен ден за жената. Почнувајќи од еманципирањето, рамноправноста од политички, социјален и економски аспект, до вреднувањето на се што претставува една жена. Она што го одликува овој ден е и дарувањето на внимание и разни подароци. Исто така, овој ден не може да се замисли без одвојување време за себе и поминување на вечерта со луѓе и активности кои не исполнуваат.
А како треба да изгледа една совршена осмомартовска вечер? Романтична вечера, театарска претстава, пијалак или дружба во омилениот кафе бар? Одговорот е многу едноставен. Без разлика каде ќе се помине вечерта која е посветена само на жената, важно е да биде со личност која ќе направи празникот да остане во долго сеќавање. А тоа годинава може да биде вечера со некоја јавна личност која ќе не внесе во нивниот свет и ќе не воодушеви.
Скопје Сити мол го посветува месецот март на жената креирајќи разновидни кампањи и многу изненадувања. За почеток, им овозможува на четири среќни посетителки, жени кои секогаш се доверуваат на трговскиот центар кога купуваат потребни нешта за себе, домот и своите најблиски, една вечер да поминат во дружење со некој од четворицата реномирани јавни личности ангажирани за оваа цел. Заинтересираните кандидатки со приложена фискална сметка од над 500 денари за промет направен во трговскиот центар, ќе можат да пополнат формулар и истиот да го вметнат во една од обележаните кутии и да аплицираат за „подарокот” кој го посакуваат.
А „подароците” кои ги подготви Сити мол се дружење со Игор Џамбазов и присуство на проба како и следење на претставата „Говорна маана” во МНТ на 6-ти март. Драган Б. Костиќ ќе се дружи со добитничката на 7-ми март на снимањето на неговата радио емисија „Кавервил” во која и таа ќе гостува и ќе направи избор на нејзините омилени песни. Дарио Панковски на 7 март, ќе ја однесе на „Дупла вотка” и дружба во неговиот кафе бар „Миг 21”, а четвртата добитничка ќе се дружи и ќе вечера заедно со Шеф Марк во Јавна Соба (Public Room). Од останатите учеснички во играта, од кутиите ќе се извлечат 90 кандидатки кои ќе добијат по два билети за хит претставата „Кец на десетка“ која ќе се одигра во МНТ на 08.03 од 20:00 часот.
Добивте идеја за совршената вечер во име на Денот на жената? Не чекајте, пријавете се во Скопје Сити мол и среќно!