„Скопско“ ја прослави големата „стотка“ и приреди незаборавна здравица која ќе се прераскажува уште долго

Добивај вести на Viber

Градскиот парк во Скопје, вчера беше премал да ги собере обожувателите на добрата музика и омиленото пиво Скопско.

Скопско, во година кога слави јубилеј 100 години, повторно изненади и израдува со организација на најголемата здравица и забава досега направена во земјава, а за пофалба е тоа што целиот спектакл го приредија музичари од домашната сцена. 



Со желби за уште повеќе среќа и радост, се прослави големата „стотка“ на Скопско.


Најголемите музички имиња во земјата, единствената Каролина Гочева, Фолтин и Ареа, Нокаут, Влатко Стефановски Трио, Страјк и Диџеј Гоце, и за сам крај Кирил Џајковски се славеше до полноќ. 


Се кренаа чашите за најголемата здравица досега, а забавата за роденденот беше достојна за јубилеј !


На здравје уште многу години заеднички прослави!