СЛАТКАРИСТИКА СНИМИ РОМАНТИЧЕН СПОТ ВО ВЕНЕЦИЈА: Со Сања се галевме по гондоли

Песната се вика „Луда романтика“, па би беше најлогично да ја снимиме во Венеција. Ја напишав за Сања, и е мој подарок за сите дами за Осми март. Самиот град е најромантичен на светот, а во спотот ја има и куќата на Казанова

Како подарок за неговата сопруга, Сања Николиќ, но и за сите дами и за Осми март, хип-хоп музичарот Слаткаристика денеска ќе ги промовира песната и спот „Луда романтика“. Слаткар вели дека песната ја напишал за Сања, а спотот е снимен во најромантичниот град на светот, Венеција.

„Сања не требаше да глуми во спотот, не ни беше таков планот. Сегалевмепо гондоли, и така, спонтано излезе“.- Сања и Слаткар во Венеција

„Песната се вика „Луда романтика“, па би беше најлогично да ја снимиме во Венеција. Ја напишав за Сања, и е мој подарок за сите дами за Осми март. Самиот град е најромантичен на светот, а во спотот ја има и куќата на Казанова.“, ни изјави Марко Маринковиќ-Слаткар. Освен што е автор на текстот, тој ја напиша и музиката заеднички со Иван Јованов. Спотот, во кој главните улоги имаат токму Сања и Слаткар го изработи продукција „Флукс“.

„Сања не требаше да глуми во спотот, не ни беше таков планот. Се галевме по гондоли, и така, спонтано излезе. Приказната е многу убава. Голема благодарност до Дадар што не направи да бидеме убави и нашминкани“, ни раскажа Марко за сопругата и за познатиот стилист кој исто така отпатува со екипата во Венеција.

Дадар не направи да бидеме убави и нашминкани.- Сања, Марко со стилистот Александар Билјановски-Дадар и со дел од екипата што го снимаше спотот

Спотот денеска ќе ја има својата премиера на Јутјуб каналот на Слаткаристика и на социјалните мрежи за неговата македонска публика во 19 часот, а за бугарската, по нивно локално време од 20 часот. Слаткаристика,кој гради успешна кариера и во Бугарија, неодамна го сними дуетот „Квартални џентлмени“ со неговиот бугарски колега Графа. На македонската јавност тој и е познат по хитот „Дим да ме њама“.

Милица Џаровска