Слави 48-ми роденден, а едноставно не старее

Добивај вести на Viber

Многумина не можат да претпостават колку години слави оваа позната модна икона.

Принцезата на модната писта од деведесеттите години, Наоми Кембел вчера наполни 48 години, но малкумина се осмелуваат да и припишат толку многу. Многумина ќе се согласат дека со годините Црната Пантерка изгледа подобро и подобро и изгледа дека времето и годи. 

Наоми е една од првите црни жени која има постигнато таква завидна кариера во светот на модата и оваа убавина со карибско-кинеско потекло има многу интересна животна приказна. Таа е родена во Лондон, пораснала само со нејзината мајка Валерија Морис, таткото ја напуштил мајката на Наоми во четвртиот месец од бременоста.