„Славица ја подигна кошулата и му ги покажа градите на моето момче“: Тања Савиќ ја откри шокантната вистина зошто повеќе не е блиска пријателка со колешата
Тања Савиќ и Славица Ќуктераш беа мега популарни откако се натпреваруваа во првата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Нетрпеливоста меѓу нив се родила во тој момент кога Славица направила нешто што Тања ја извадило од кожа и оттогаш тие две не се во добри односи.
Тања открила дека повеќе не се пријателки затоа што Славица му ги покажала голите гради на тогашното нејзино момче, бизнисмен од Германија.
- Во тоа време двете бевме на море во Црна Гора, се враќавме од плажа и моето момче не однесе до хотелот. Јас седнав на совозачкото седиште, а таа седна одзади. Славица во еден момент ја крена кошулата и на моето момче му ги покажа градите во ретровизорот. Бев шокирана, не можев да верувам што направи жената! - изјавила Тања за „Скандал“ и додала дека потоа ставила крај на нивното пријателство:
- Тоа е причината поради која не разговараме со години. Многу ме разочара, ја гледав како сестра, делевме сѐ, бевме неразделни. Не знам што ѝ се вртеше низ главата тогаш за да се однесува така.
Да потсетиме, Савиќ годинава закажа концерт во белградска арена, а неодамна откри дали некој од колегите и честитал.
- Секако, сите колеги ми честитаа што ја резервирав Арената, еве сите „се залетаа“! Славица Ќуктераш дали ми честиташе?! Таа прва „се залета“. Ги сакам сите луѓе, би сакала да им честитам на сите за нивниот успех, но не се сите како мене! – изјави неодамна Тања.
Инаку, Тања Савиќ веќе подолго време ужива во емотивна врска со Мухамед Муки Бешиќ, кој ја следи на секој чекор, а неодамна покажа како уживаат во топлите летни денови.
Извор: Blic.rs