Славната актерка за малку ќе го изгубеше животот поради сепса: „Почна како воспалени крајници, а потоа следуваше пекол“

Добивај вести на Viber

Ешли Парк, ѕвездата на серијата на Нетфликс „Емили во Париз“ заболела од сепса за време на божиќните празници кои ги поминала во Тајланд.


Ешли Парк (32) која е позната по улогата на Минди Чен во серијата „Емили во Париз“ од популарната серија на Нетфликс, на Инстаграм објави дека тонзилитис и гнојна ангина ја довеле во критичен септичен шок. Како што објасни таа, инфекцијата се проширила и нападнала неколку органи и дека поминала една недела во болница.

View this post on Instagram

A post shared by Ashley Park (@ashleyparklady)



Актерката моментално е во стабилна состојба, а нејзината колешка Лили Колинс, која го толкува ликот на Емили во серијата на Нетфликс, откри дека снимањето на третата сезона е започнато.

ФОТО: Инстаграм