Славната убавица и посакуваниот Бредли Купер веќе не се кријат: Дефинитивно се заедно, и вљубени до уши
Парот за чија врска почна да се шпекулира во октомври, сега и официјално ја потврди својата врска.
Џиџи Хадид и Бредли Купер се шетаат низ Лондон држејќи се за рака, пишува Page Six. Освен тоа, Хадид е видена како го гушка актерот околу половината додека разговараат на улиците на англиската престолнина.
И покрај тоа што во многу наврати се видени на вечера, ова е прв пат Бредли Купер и Џиџи Хадид јавно да ги покажат своите емоции на овој начин. Последен пат беа видени заедно по доделувањето на Златните глобуси кога Џиџи Хадид им се придружи на актерот и неговата мајка Глорија Кампано на вечера.
Тие се дружеа и во ноември во град покрај реката во Пенсилванија, каде актерот неодамна купи имот. „Работите станаа многу сериозни. Тие се заедно секој ден“, изјави тогаш извор за странските медиуми.
Тие имаат многу заедничко, од смислата за хумор до фактот дека и двајцата се самохрани родители на ќерки.
Хадид со поранешното момче Зејн Малик ја има тригодишната ќерка Каи, а Купер со манекенката Ирина Шајк ја има шестгодишната ќерка Леа Де Сена преку која ја запозна Хадид.
ФОТО: Инстаграм