Славната водителка на 59 години доби ужасна дијагноза: Една година никој не знаеше каде е и како е, а сега е откриена морбидната вистина

Добивај вести на Viber

На американската водителка Венди Вилијамс и е дијагностицирана фронтотемпорална деменција и примарна прогресивна афазија, објави нејзиниот тим во четвртокот. Тие соопштија дека славната 59-годишна жена поминала низ бројни медицински тестови и анализи пред да стигне до дијагнозата.

Тажната вест доаѓа само неколку дена пред објавувањето на документарниот филм „Каде е Венди Вилијамс“, во кој се детализирани борбите на Венди со злоупотребата на алкохол и нестабилното ментално здравје во последните години.

Инаку, легендарниот актер Брус Вилис ја доби истата дијагноза минатата година.

Во официјалното соопштение, исто така, беше посочено дека оваа тешка состојба на водителката и била дијагностицирана уште во 2023 година, додавајќи дека афазијата „е состојба која влијае на јазичните и комуникациските способности“. Афазијата може да биде предизвикана од повреди на главата, тумори или мозочен удар, како и постепено влошување на мозокот. Болеста може да има различен степен на сериозност и не е познато во колкава мера била погодена Венди.

Луѓето со дијагноза на афазија имаат проблеми и со зборувањето и со разбирањето на кажаното, а исто така имаат потешкотии или неможност да читаат. Пациентите често покажуваат вознемирувачки промени во личноста.

Американските медиуми пренесуваат дека Венди од април минатата година живее во установа за лекување и дека може да ја посети само старател назначен од судот. Нејзината сестра и брат неодамна изјавија дека не се информирани каде се наоѓа и дека може да разговараат со неа само ако таа одлучи прво да ги контактира телефонски.