СЛЕДУВА АЛЕРТНА ФАЗА, КОИ ТРЕБА ДА БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ ОД РАБОТА: Министерство за здравство со сите препораки пред топлотниот бран

Добивај вести на Viber

Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, информираме дека во текот на следните два дена (од 24-25.06.2021 година - четврток до петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза.

Министерството за здравство, согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, апелира дека е потребно да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, како што се:

-Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, вклучувајќи ги бремените жени и лицата на возраст над 60 години.

-Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Повеќе детали читајте на Фактор тука.