Слоба Радановиќ стана татко: Родителите избраа име со прекрасно значење за бебето
Пејачот Слоба Радановиќ и неговата сопруга Јелена станаа родители на момче
Пејачот Слоба Радановиќ низ солзи им ја соопшти најубавата вест на претставниците на медиумите.
- Го видов на слики. За малку ќе заплачев, можеби плачев. Прекрасно чувство. Сакам сите да го доживеат ова. Сè е во ред, фала му на Бога. Сега одиме да организираме прослава - возбудено рече тој.
Слоба и Јелена на својот син му го дадоа името Дамјан.
- Ќе се вика Дамјан, има манастир кој е посветен на свети Козма и Дамјан, па одлуката е донесена - рече Радановиќ.
Дамјан е име со грчко потекло. Грчкото име „Damianos“ е изведено од старогрчкиот збор „damao“ што значи „да скротиш“, кој доаѓа од санскритскиот збор „dam“, што значи „давање“, „оној што дава“.
Да потсетиме, пејачот и неговата избраничка минатата година направија црковна венчавка, а потоа десет месеци подоцна решија да склучат граѓански брак.
Изгледа дека на таа церемонија дошле само двајца гости. Поточно, тие не биле обични гости, туку кумови.
Извор: glossy.espreso.co.rs