Словенечки новинар откри детали за врската со Меланија Трамп

Добивај вести на Viber

Петар Бутолн, новинар од Словенија бил во врска со сегашната прва дама на САД, Меланија Трамп додека таа живеела во Словенија. Тој за медиумите ги откри сите детали за нивното запознавање. 

„Во врска бевме три месеци. Заврши училиште и летото беше пред нас. Во тоа време целата екипа се собираше на Тромостовје. И Меланија дојде со својата екипа. Јас одев во гимназија, а таа беше во средно училиште за дизајн. Јас имав 18 ипол, а таа 17 години. Љубљана е мала, сите се знаевме, и нормално дека веднаш ќе го заприметиш новото лице во друштвото. Беше убава, витка, јас малку се напив и го направив првиот чекор. Така почна. Одев по неа во станот. Беше тоа мал стан, едноставен. Таму живееше со сестрата Инес, која беше четири години постара од неа. Прво живееја со татко им во изнајмен стан, а тогаш татко им купи стан“ - вели тој. 

Но, вели дека морале да ја прекинат врската затоа што тој морал да замине во Јастребарск.