СЛУЧАЈ ВО ЕВРОПА: За банална причина социјална работничка одзеде дете

Добивај вести на Viber

Социјална работничка од Лондон обвини една мајка дека на своето дете не сакала да му купи сладолед, па и го одзела момчето.

„Мајката во тие 44 страници е воглавно критикувана, но недостасуваат докази и конкретни примери за недостаток на грижа кон детето. Ја замоливме социјалната работничка да го наведе најдобриот пример за запоставувањето на потребите на детето од страна на мајката, на што службеничката одговори дека мајката не му посветувала доволно време на момчето и дека во една прилика не сакала да го одведе на сладолед“- стои во образложението на судот.

Првостепениот суд ги прифатил барањата на социјалната работничка, и детето привремено било сместено во старателско семејство. Апелацискиот судија Мостин добил извештај од социјалната работничка на дури 44 страници, и по разгледување на случајот го вратил момчето на неговата биолошка мајка оценувајќи ги наводите на социјалната работничка како лоши и безначајни.