Снаа ми го уништува синот, очајна сум: Како да ја спречам оваа вештерка која не ги штеди ни сопствените деца
Исповедта на загрижената свекрва ја пренесуваме во целост
- Мојата приказна би била предолга, премногу болна и немам волја да ја напишам. Напишана е на четири страници од мојот дневник. Ние мајките мораме да ги чуваме и заштитиме нашите синови кога ќе забележиме каква жена го заведе и во какво семејство влезе – пишува мајката и свекрвата, која се потпишала под псевдонимот „Несреќна“.
Затоа е потребно да се реагира на самиот почеток. Мојата снаа е хорор, вистинска вештерка. Таа е нарцисоидна и го уништува сопствениот сопруг и децата. Како да ја запрам?
- Верувам дека она што една жена може да го направи за своето семејство, ниту еден маж не може да го направи. Мојот заклучок е дека сè што гледаме во психолошки хорор филмови и читаме во книги од тој жанр е всушност доста блиску до реалноста. Морам да кажам дека се повеќе гледам дека во нашето општество само жените се заштитени, а мажите не се заштитени од никој, бидејќи жената е мајка и кралица во нашето општество. Сериозно сум загрижена. Секако, сето ова го пишувам од мое искуство и ова е исклучиво мое гледиште врз основа на сето она низ кое сме поминале. Како мајка, тешко ми е да гледам дека мојот син не е среќен, како и внуците кои сè уште се премногу мали за целосно да сфатат каква мајка ги воспитува. Се плашам и се грижам за нив. Имам 75 години и вдовица сум. Наместо да уживам во животот, јас страдам поради несреќната ситуација во семејството на мојот син. Навистина не знам како да постапам, како да го заштитам мојот син. Кој совет да му го дадам, како да го „спасам“, многу сум загрижена.“, вели оваа нереќна свекрва.
Кое е вашето мислење?
Фото:Фрипик