Со физичка активност против стареењето
Сакате да го забавите стареењето? Па, сè е многу лесно и едноставно - започнете да вежбате, да имате поголема физичка активност. Значи, покрај забавување на знаците на старост, ќе го задржите и тонот на мускулите и ќе го подобрите расположението. Вежбањето е еден од најмоќните и најефикасните начини за забавување на стареењето, но исто така, физичката активност ви помага да се ослободите од стресот, го подобрува вашето здравје, добивате убав изглед и се полните со енергија.
Како што стареете, треба да се фокусирате на два главни типа на вежбање.
Првиот е аеробен или т.н. кардио
Ја подобрува работата на вашето срце и ве тера да се потите стабилно.
Вториот тип на вежбање е фитнес, кои помагаат мускулите да останат фит.
Во повеќето случаи, не ви треба скапа опрема или софистицирана обука, ќе ги подобрите перформансите на мозокот и брзината и фокусот на обработка на податоците, вежбајќи јога, зумба или брзо одење. А, она што е важно не е времето на индивидуалниот тренинг, туку вкупното време што сте го поминале на вежбање.
Доколку вежбате два пати неделно по еден час, или доколку вежбате 4 пати неделно интензивно по половина час, сте завршиле одлична работа за вас.