Со храна убијте ги канцерогените клетки
Куркумата може да ги уништи канцерогените клетки.
Со активната состојка ензимот куркуминоид ја поттикнува клеточната апоптоза (умирање) на заболените ткива.
Куркуминот е познат во медицината како антитуморски полифенол, кој делотворно индуцира самоубиство на најтврдокорните клетки на ракот и спречува создавање на нови болни клетки, а сето тоа без никакви негативни ефекти на здравите клетки.
Поновите истражувања покажуваат дека матичните клетки на ракот се одговорни за активирање и одржување на ракот, а самиот куркумин се покажал како исклучително делотворен блокатор на матичните клетки на ракот. Ова природно соединение делува дури и на клетките на ракот кои развиле отпорност на хемотераписките лекови предизвикувајќи нивна смрт и намалувајќи ја нивната отпорност на делувањето на хемотераписките лекови.