Со изгореници од трет степен, целосно уништено лице: Ја нашминкаа- таа е убава, душата ѝ е убава
Лицето ѝ било оштетено уште кога имала две години. Се случила несреќа, фатални изгореници од трет степен. Не само лицето, и рацете и нозете. Како и скалпот. Се поради плинска боца. Татко ѝ до ден денес се обвинува, но таа не го обвинува за ништо. По несреќата била итно пренесена со хеликоптер во волница со мали шанси за преживување. Но преживеа.
Мариса има направено на 50 операции. Им рекле на родителите дена нема да може ни да вози велосипед ни да држи пенкало, но таа денес сето тоа може да го прави. Невиден борец.
Се прифаќа таква каква што е, и ги охрабрува сите со вакви и слични проблеми да се соочат со себе си и да продолжат со животот.
Во следното видео ќе видите како шминкерите ја трансформираа. Лузните сепак се познаваат во одделни делови, но таа е убава, среќна и никако тажна. Работи, креира, се дружи, излегува, а деформитетот не ја одразува нејзината душа. Мажена е има дете.
Фото: Инстаграм