Со надеж за принцот ама и на коњ: Јелена од Драчево има нова фризура и е подготвена за новата сезона на „Преспав“
Официјално е! Новата, шеста сезона на „Преспав“ ќе започне со емитување од 20-ти декември, а добропознатата екипа е и повеќе од подготвена. Особено Јелена од Драчево, која има нов имиџ, но има и порака до сите нас:
-Па кај сте бе дечкиииии!! Оваа година средена ко и увек, расположена ко и увек, синдикалка још поише у душа, со 100 работни места за иста плата - ништо ново во државава!
Со надеж за принцот ама и на коњ не само принцот пошо од нешто ќе треба да се живее, со најбољи маникир и фризура, со најбољи аутфит, со СТАВ бе дечки, со СТАВ ДРАЧЕВСКИ - ве чекам на МТВ.
Ве сака Јелена од Драчево до соѕвездието на шкорпија и назад!
Се гледаме - порача омилената, една и единствена Јелена од Драчево.
Актерката Јелена Јованова Периќ, која ја толкува улогата на Јелена од Драчево - харизматичната рецепционерка, му даде оригинален печат на ликот.
Во „Преспав“, Јелена сонува за добар маж, за светска слава, а сонот на рецепционерката, нашата актерка приватно и професионално веќе го живее. Таа е мајка на малиот Јаков и сопруга на актерот Стјепан Периќ. Пред една година, таа за Женски магазин зборуваше за бременоста која ја помина во време на карантинската пандемија, за стравот од земјотресот во Загреб кој се случи во истиот период, за мајчинството и за поддршката од сопругот.
фото:instagram/jelenajovanovaperic