Со него го изневерувала Милан: Му простила на Калиниќ за неверството, а тој не сака да ѝ прости?

Добивај вести на Viber

Поранешната сопруга на Милан Калиниќ во врска со познат маж од Белград

Актерот Милан Калиниќ неодамна ја заврши љубовната врска со Сандра по 18 години брак. Според гласините, поранешната сопруга на Милан Калиниќ наводно е виновна за пропаѓањето на нивниот брак.

Според Курир, причината поради која Сандра и Милан се развеле била нејзиното неверство. Актерот наводно слушнал дека сопругата го изневерува со познат угостител од Белград и решил пријателски да се разделат. 

Поранешната сопруга на Милан Калиниќ видена со ...?

Човекот со кој Сандра наводно е во врска бил генерален менаџер во клубови и ресторани, а кога напредувал станал сопственик на ланец на престижни ресторани. Се шпекулираше дека двајцата биле во тајна врска, а кога Калиниќ дознал, во куќата настанала тепачка. Оваа ситуација за Курир ја раскажал колегата на Милан, кому тој детално му се доверил.

- Низ градот кружеше приказната дека Сандра била во тајна врска со маж кој е познат угостител во Белград. Многупати била видена како седи со него во негов ресторан. Тие што го познаваат Милан го информираа за тоа и тоа беше последната капка. Тој не е светец, толку се знае, но не можеше да се снајде со фактот дека можеби ќе го замени човек кој во градот е познат како голем заводник. Но, тој имаше проблем и со законот, јавно беше уапсен и целата приказна му пречеше на Милан - открива изворот.

Милан не е светец?

Се‘ уште не е позната точната причина за разводот, а се шпекулира дека опуштениот живот на Милан и пречел на Сандра, но тоа не е потврдено. Наводно го поврзувале и со бројни жени, но никогаш не бил виден со ниту една од нив, а за својата сега веќе поранешна сопруга секогаш со многу љубов зборувал. 

- Не ѕиркам наоколу, но забележувам убава жена. Мојата сопруга има 40 години, а во сленг речено е жешко пиле. Таа е една од најженствените, најдамските и најзгодните жени од Белград. Каде и да се појавиме, таа е или најубава, или меѓу трите најатрактивни. Тоа може само да импресионира вистински маж, кој е сигурен во себе. Не ѕиркам наоколу, но сакам да набљудувам. Тоа го правам и пред Сандра. Не е нормално да се правиме луди кога факт е дека некој ни го привлекол вниманието. Лицемерно е. Кога се правиме дека не сме забележале дека некој изгледа добро, тогаш има причина за сомнеж – изјави неодамна Калиниќ за медиумите.


Фото: Youtube - screenshoot