СО НЕГО ПОЧНА ЖЕНСКАТА РЕВОЛУЦИЈА: Вајнштајн се соочува со 25 години затвор

Добивај вести на Viber

Поранешниот филмски магнат, Харви Вајнштајн, кој беше обвинет од над 60 жени за различни форми на сексуален напад и несоодветно однесување, сега се соочува со казна затвор од 5 до 25 години

Бен Брафман, шеф на правниот тим на „холивудскиот предатор“ Харви Вајнштајн, изјави дека неговиот клиент ќе се изјасни за невин и ќе се брани против обвиненијата. Ако биде осуден за најсериозните обвиненија, Вајнштајн може да се соочи со помеѓу 5 и 25 години казна затвор.

Вајнштајн одби да сведочи пред големото жири откако судијата го одби барањето на неговите адвокати да го одложат рочиштето. Брафман тврдеше дека на Вајнштајн му е одбиен пристап до информации за случајот и немал време за подготовка.

Инаку тој се појави во светло сина блуза, која според психолозите и истражувачите, треба да асоцира на невиност. Бојата и текстурата ги омекнува мажите, тврдат адвокатите, правејќи ги да изгледаат попристапни и допадливи.Блескавата кариера на 66-годишниот продуцент се распадна, а неговата компанија „The Weinstein Company“ банкротира, додека тој ги негираше тврдењата за неконсензуален секс.

Актерки кои јавно го обвинија Вајнштајн за сексуална злоупотреба се Ума Турман, Ешли Џад, Роуз МекГован и Селма Хајек.

Дополнително Вајнштајн е обвинет дека создал средина во која жените во компанијата биле принудувани „да влезат во сексуални контакти“, за да се здобијат со кариера. Покрај тоа, Вајнштајн ја искористил својата позиција да ги натера жените на сексуални контакти, кои барале работа во неговата компанија. Посебно обвинение против продуцентот, исто така, има и за заканите за физичко насилство од негова страна, како и наводите дека има политички врски и контакти во тајните служби што му се заканиле на неговите жртви да ги натераат да дејствуваат против неговата волја. 

Околу 100 врвни актерки и женски режисери одржаа протест на црвениот килим на филмскиот фестивал во Кан за да го поддржат движењето #MeToo против сексуалното вознемирување на холивудскиот продуцент.


Д.К.