Со овој трик вашите прозорци ќе блескаат: Имате сѐ што ви треба дома, а резултатите се фантастични (ВИДЕО)
Секој кој некогаш ги измил прозорците знае колку е тешко да се заврши оваа задача без прозорците да изгледаат извалкани и замаглени. Затоа трикот кој се појави на социјалните мрежи е вистинско олеснување за многу домаќинки.
Потребен ви е голем сад со топла вода, капаче омекнувач и две крпи: влажна и сува. Овој трик го открила Матеа Батурина, која тврди дека повеќе нема проблем со преостанатите траги.
@mateabaturina Ovo morate isprobati gotovo za čas #fyp #tips #tricks #tipsandtricks #tiktok #balkantiktok #reels #mama #mum #window #prozori #ciscenje #clean #love #live #life #split #sun #sunce #foryoupage #foryou #balkan #njemacka #austria #svicarska #hrvatska original sound - Matea Baturina
- Презадоволна сум и веќе две години бришам прозорци со омекнувач - изјави Матеа.
- Пробав со средство за чистење под. Работи исто како и за стакло. Чудно е што омекнувачот не остава никакви траги. Ќе го пробам овој трик – напишала една домаќинка, додека некои рекле дека биле навистина скептични да го пробаат овој начин на чистење прозорци бидејќи им оставал мрсни траги на облеката.
фото и Видео: ТикТок