Со помош на облеката изгледајте послабо за 10 килограми: Стилски трикови кои со гаранција функционираат

Добивај вести на Viber

Со помош на овие трикови ќе изгледате совршено во секој момент...

Облеката може да биде најголемиот сојузник на дамите, но и најголем непријател, затоа одбирајте ја внимателно. Доколку имате некој килограм повеќе, а сакате да го сокриете тоа, ние знаеме како да го изведете тоа.

Еве како со помош на облеката да изгледате 10 килограми послабо:

1. Носете панталони со рамен крој, бидејќи ваквиот крој ги издолжува нозете и визуелно го намалува стомакот. Спроти ова, од плакарот исфрлете ги панталоните како шалвари, кои имаат спротивен ефект.

2. Облечете широк топ и кружен отвор околу вратот и покажете го едното рамо. Овој дел од телото старее бавно, па нуди едноставен ефект на моментално заведување. Доколку имате големи гради, изберете маичка со V отвор.

3. Подвратете ги ракавите од блузата до лактовите и така создадете илузија на слаби и издолжени раце. Истиот ефект може да го постигнете и доколку бирате маици со 3/4 должина на ракавите.

4. Носете поткошули кои ќе ви го прекриваат стомакот со ефект на лесен корсет. Тие ќе ја намалат половината и ќе создадат илузија на слабост.

5. Над блузата облечете кардиган без копчиња што ќе ви го покрива задникот и така ќе го сокрива она што вишок на задниот дел од телото. Доколку сте високи, може да облечете подолг модел и секако комбинирајте го панталони со рамен крој.

6. Црната боја е добро позната класика која визуелно го намалува телото. Со годините, а особено доколку носите црни парчиња околу лицето, може да оставите впечаток на строгост, кој ќе ве направи повозрасни. Наместо тоа, црната облека комбинирајте ја пастелни марами или јакни во некоја жива боја.

7. Користете модни додатоци за да го одвлечете вниманието од критичните делови на телото. На пример, предимензионираниот ѓердан или хеланки со дезен ќе го одвлечат вниманието од половината.

8. Најдете добри фармерки кои ќе стојат како да се создадени за вас. Моделите со висок струк и темните бои го кријат вишокот килограми на стомакот, бутовите и задникот.

9. Доколку немате рамен стомак, избегнувајте го вовлекувањето на кошулата или маицата во панталоните и здолништата, бидејќи така ќе нагласите сѐ што не треба. Бирајте блузи и маици кои се тесни до средината на стомакот, а потоа лелеаво паѓаат надолу.

10. Носете градник кој ви одговара. Премалиот градник непријатно ќе го пресече телото и ќе создаде илузија на вишок, дури и на места каде што го нема. Преголемиот градник и недоволно затегнатите прерамки ќе ги опуштат градите, па целиот впечаток ќе биде дека сте покрупни од она што навистина сте.

фото: Shuterstock