Со семејството е најубаво на одмор: Александар Белов со сопругата и ќерката ужива на море
Семејните одмори се можеби едни од најубавите. Нема ништо поубаво кога си дете и кога со мама и тато ќе заминеш на летување.
Мина се уште е малечка има само две годинки и може нема да го памети овој одмор, но тука се мама и тато за да ја потсетат со фотографиите.
Пејачот Александар Белов заедно со неговото семејство овие денови ужива на море.
Со фотографии Белов го овековечил овој заеднички момент со Јелена и Мина.
Во интервју за Женски магазин, Александар откри дека сега Мина е во фаза кога е поинтересна, сака се да дозне, љубопитна е, но е добро дете.
„Се трудиме максимално да и се посветиме, да не стане зависна од технологијата која е неизбежна, да биде се умерено. И засега успеваме во тоа. Го запознава светот постепено и се трудиме да го живее своето детство како треба, да се дружи со своето друштво, со нејзините другари и другарки, што помалку време да поминува пред телефон и Тв. Искрено мислам дека една е мајка и мајката е незаменлива, и по мене логично е детето да треба да биде поврзано повеќе со мајката. Со оглед на тоа дека јас работам две работи секое слободно време го поминувам со неа и тоа е тоа што мене ме прави да бидам најсреќен. А неа ја прави најсреќна кога имам слободен ден и кога ќе и кажам дека цел ден сме заедно. Денес живееме во едно брзо време кое не ни остава многу простор да поминуваме со нашите деца, но тоа е нешто кое нема цена затоа и максимално го користам секој момент да бидам заедно со нив“, изјави Белов за Женски магазин.
Фото: Фејсбук