Со што да ја замените омилената штетна храна

Добивај вести на Viber

За помалку калории и повеќе здравје


Чипови, слатки, пржена храна ... Сакаме да ги консумираме иако знаеме дека тие се штетни по нашето здравје и убавина. За среќа, постојат поздрави опции за да се заменат некои од нашите најчесто консумирани и многу сакани штетни јадења. Еве неколку од нив.

Суво овошје наместо слатки

Кога станува збор за здраво јадење и диети, битката со шеќер и слатки е најтешка. За жал, тие имаат многу калории, без хранлива вредност. Кога сакате нешто слатко, заменете го со сушено овошје кое е природно без додаден шеќер. Ако сакате бобинки, можете да ги замените слатките за нив. Тие ќе ви обезбедат витамини, растителни влакна и малку калории.

Заменете го помфритот со слатки компири подготвени во рерна

Знаеме дека дури и ако ги правиме дома, пржените компири се масни и богати со калории. Слатките компири се погодни за диетално јадење и се одлична алтернатива на обичните компири. Богати се со витамин А и антиоксиданти. Гответе ги во рерна со малку маслиново масло и свежи билки.

Хамбургери

Сите ги сакаме затоа што имаат помфрит, сосови, меко лебче. Па, за да го направите овој залак поздрав, би било добро да го имате дома. Грил тава, по ваш вкус пилешко, телешко или свинско месо, испечете го на грил тавата. Зачинете го со сол, бибер. Наместо обичен леб, можете да си подготите вие дома, интегрален леб или леб без адитиви. Исто така може да подготвите домашен мајонез, и секако да се фокусирате на свеж зеленчук во вашата здрава верзија на бургерот.

Млечно чоколадо или темно?

Иако млечното чоколадо ни е повкусно, поздравиот избор е црното чоколадо, особено ако сакаме да го намалиме внесот на шеќер и да сме на диета. Важно е консумираното темно чоколадо да биде најмалку со 80% содржина на какао и да се конзумира во мали количини.

Домашен сладолед наместо од продавница

Друг начин да го замените омилениот, но нездрав сладолед од продавницата е да направите домашен и да користите овошје, малку мед за сладост, какао.

Заменете ги колачињата со ореви или урми

Дури и колачињата со интегрални производи и колачињата без глутен не се препорачуваат за честа консумација. На нашето тело му се потребни јаглехидрати, но важно е она што ќе го јадеме, да го избереме поздравото. Наместо да јадете колачиња, заменете ги со бадеми, ореви или урми без додадени шеќери. Тие ќе ве заситат и ќе ви обезбедат корисни масти, протеини и антиоксиданти.