Со солзи во очите Теа Таировиќ ја посети спомен-куќата на Тоше во Крушево: Не можеше да ги контролира емоциите, еден детаљ остави на неговиот гроб
Балканската ѕвезда Теа Таировиќ го посети вечниот дом на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески во Крушево.
За прв пат балканската пејачка имаше можност да се запознае со Спомен куќата посветена на животот и делото на Тоше. Само на спомнувањето на името на познатиот музичар, пејачката почувствувала грутка во грлото, па не успеала да ги задржи солзите и заплакала. По посетата на Спомен куќата, пејачката оставила и големо мече играчка на гробот на Тоше.
Спомен куќата за јавноста е отворена на 25 април 2011 година, каде се сместени фотографии од Тоше професионални и приватни,околу 350 експонати донирани од семејството на пејачот кои го материјализираат целиот животен век на Тошет Проески.
„Не беше лесно да се разделиме со неговите работи, но подобро е тие да бидат во музејот каде што секој ќе може да ги види“, изјавило неговото семејство за медиумите пред неколку години.
Фото: Инстагрм/ kurir.rs
Извор: Kurir.mk