Со стил: Викторија и Дејвид Бекам позираат со децата и кучето за Вог
Светски познатото семејство Бекам се најде на насловната страница на престижниот британски магазин Вог.
Викторија (44) и Бекам (43) – кои се родители на Бруклин (19), Ромео (16), Круз (13) и Харпер која има седум години – позираат за новата фотосесија во која изгледаат многу среќно и секако со стил.
Во целосниот едиторијал е направено интервју со Викторија каде таа зборува за славата, семејството и модата. Модната дизајнерка и негошна пејачка првпат отворено ги коментира гласините дека таа и Дејвид ќе се разведат.
- Луѓето 20 години измислуваат работи за нашата врски – вели таа и додава дека со Дејвид научиле како да игнорираат бесмислените гласини – Но, овие работи имаат поширок ефект врз луѓето околу нас, и тоа е неправедно. Сфативме дека сме посилни заедно отколку како поединци. Дали некој од нас ќе беше во позиција во која сме сега, доколку не се сретнавме и не останеме заедно сите овие години?
Викторија исто така се појавувува во видео направено за Вог посветено на нејзините 10 години како дизајнер на својот моден бренд, во покажува и доза на хумор додека прави референци на нејзината кариера во Spice Girls.