„Со текот на годините не можам да ги читам најситните букви од близу, но затоа пак...“: Ирена Спасовска никогаш поискрена

Поп-фолк пејачката Ирена Спасовска е активна на социјалните мрежи. Таа редовно споделува дел од своето секојдневие со своите следбеници и фановите, но и често знае во нејзин стил да откри што мисли и што иманово кај неа.

Овој пат откри дека носи наочари за гледање и покрај објавата напиша: 

„Да, со текот на годините не можам да ги читам најситните букви од близу, но затоа пак будалите ги препознавам од многу далеку“.


Објавата за неколку часа собра стотици лајкови.

Инаку, пејачката пред еден месец изненади многумина откривајќидека еден дечко пред три години ѝ го спасил животот. Овде прочитајте како успеал во тоа.


Фото: Фејсбук

Р.Ж.М.