Со трите деца заминав од станот: Водителката на „Слагалица“ искрена за разводот по 10 години брак
Водителката на српскиот квиз „Слагалица“, Марија Вељковиќ се разведе по повеќе од една деценија брак со Милан Миловановиќ, а сега за првпат отворено проговори за домашните медиуми на оваа тема.
- Кога ќе се омажиш, мислиш дека тоа е до крајот на животот. Друга опција нема. Но, животот нè учи на различни лекции. Всушност, ние сме разведени, а самиот развод е во тек. Не е важна хартијата, туку фактот дека јас и децата имаме нов простор за живеење. Иако разведени, ние сме мама и тато и ќе бидеме до крајот на животот. Родители сме една деценија, а тоа не е малку. Тројцата се големи, паметни и разумни, имаат свое време и со тато и со мама, ги сакаат и мама и тато. Тоа е единственото нешто што е важно - вели Марија, која открива дека трето лице не пресудило за нивната врска.
- Не мора да биде така. Емотивно се оддалечивме и тука беше крајот. Кога си со некого многу долго, а се повеќе чувствуваш дека не е како порано, таквите одлуки се наметнуваат - искрена е водителка за магазинот „Хелоу“, која со своите деца се преселила во станот во кој живеела како девојка.
- Ни требаше време да се организираме. Тој остана во нашиот стан, а јас со децата и кучето се преселив во мојот стан во кој не сум била од 2009-та година. Не е лесно, но продолжуваш со животот.
Извор: blic.rs