Сон на секоја жена: Обувки кои се носат на ниска и висока потпетица (видео)

Добивај вести на Viber

Слаба страна на припадничките на понежниот пол се токму обувките, па неретко омилените парови се носат најчесто со различни комбинации.

Токму потребата еден ист пар обувки да се носат во различни верзии е идејата  на германскиот бренд „Mime Et Moi“, кој создаде модели кои може да се носат како на висока, така и на ниска потпетица , во зависност од потребата.


Благодарение на патентираната технологија, брендот создаде универзални модели обувки, па така наутро може да заминете на работа со ниска потпетица, а потоа да продолжите на кафе со пријателите или на состанок со поинаков изглед.


Овој модел е актуелен меѓу модните инфлуенсерки, а можеби наскоро ќе биде достапен и кај нас.