Луѓето мислеа дека некој ме полил со киселина, а сега кожата е мојот најголем адут: Соња е успешна манекенка која боледува од оваа болест

Соња Данита (28) е активистка и модел од Малезија, а покрај успешната кариера, оваа згодна бринета се бори со болеста витилиго уште од својата осма година.

Витилиго е состојба во која кожата ги губи меланоцитите (клетки кои произведуваат пигмент на кожата) и последователно се формираат белузлави дамки (депигментација) на кожата. Витилиго се јавува кога клетките кои произведуваат меланин почнуваат да умираат или повеќе не произведуваат меланин, што предизвикува појава на бели дамки со неправилна форма на кожата.

View this post on Instagram

A post shared by  SONYA DANITA CHARLES  (@sonyadanita)

Витилигото на Соња започнало со дамка на лицето и полека се раширило по целото лице, рацете и нозете до колената.

Како мала, Соња станала многу свесна за својата состојба, но и чувствителна поради својот изглед, особено затоа што витилигото е ретко во Малезија. Непознати луѓе и приоѓале на улица и ја прашувале дали има изгореници по телото, дали некој ѝ истурил врело масло или киселина.

View this post on Instagram

A post shared by SONYA DANITA CHARLES  (@sonyadanita)


Нејзината единствена состојба на кожата била несигурност поради која не се чувствува добро во нејзината кожа, а сега тоа е нејзиниот најголем адут и она што ја издвојува од другите на најдобар можен начин.

И покрај тешкото детство кое оваа манекенка го имала во родната земја, Соња ги надмина сите проблеми и денес е успешна жена во светот на манекенството!


Фото и Видео: Инстаграм - sonyadanita