Сопругата на Еди Рама има 59 години и е вистинска дама: Таа е муслиманка, а нивните деца се крстат со 3 прста
Сопругата на Еди Рама ретко се појавува во јавноста, додека малку се знае за нејзиниот приватен живот
Еден од најистакнатите албански политичари е актуелниот премиер на Албанија - Еди Рама. Освен што се занимава со политика, тој е уметник, писател и кошаркар кој има многу интересна животна приказна.
Сведоци сме дека таму каде што се истакнува мултикултурализмот, често се појавуваат несогласувања и проблеми. Сепак, семејството Рама покажа дека и покрај културната, верската и идеолошката различност, тие можат хармонично да функционираат.
Имено, она што е особено интересно е што членовите на неговото семејство не ја делат истата религиозна припадност. Имено, албанскиот премиер еднаш истакна дека тој е католик, додека неговата сопруга е муслиманка, а неговите две поголеми деца се православни.
Која е сопругата на Еди Рама?
По бракот со актерката Матилда Макочи, со која го има синот Грегун, премиерот на Албанија години подоцна ја запознал сегашната сопруга. Од 2010 година е во брак со економистката Линда Рама, со која ги има синовите Заха и Реа.
Линда Рама е родена во Тирана на 30 декември 1964 година.
Дипломирала економија на Универзитетот во Тирана, за да ја напушти земјата во 1990-тите и да ги заврши магистерските студии во странство - во Њујорк и Прага. По враќањето во Албанија, таа работела во државна служба, меѓу другото во текстилна фабрика и во Агенцијата за приватизација. Денес таа е посветена на активизмот.
Неодамна во интервју за магазинот „Тугедер“ изјави дека „жените се хероите на нашето време“.
Жените кои растат во сиромаштија, вели таа, спонтано стекнуваат претпазливост.
„Ним им треба само можност, шанса и подадена рака за да постигнат сѐ што сонуваат и се надеваат“, рече Рама.
Трагедија која остави длабока трага
Малкумина знаат дека нивното семејство доживеало голема трагедија, кога пред неколку години, нивната земја ја погоди силен земјотрес во кој заедно со семејството загина и девојката на синот на Рама, Грегор.
Љубовта ја криеја од јавноста, не сакаа да се експонираат пред медиумите, се знаеше само дека се во врска околу три години.
Грегор Рама на Инстаграм изјави дека „меѓу многуте жртви на оваа трагедија е и неговата најблиска личност, заедно со нејзиниот брат, мајка и татко“, додавајќи дека „тие се пронајдени под урнатините“.
Извор: stil.kurir.rs