Сопругата на Милош Биковиќ во градник подготвува ручек: Ивана се снимала во семејниот дом, додека танцува на музика

Добивај вести на Viber

Сопругата на актерот Милош Биковиќ, Ивана Малиќ, на почетокот на годината роди син на кого му дадоа име Василије, а сега секојдневно уживаат во родителството.

Ивана од неодамна е поактивна на својот Инстаграм профил, а сега објави видео од семејниот дом и покажа како се носи со улогата на домаќинка.

Имено, таа ја поставила камерата така што таа била свртена со грб, а она што на сите им паднало во очи е тоа што Ивана ручекот го подготвувала во градник и панталони.

Додека во позадина свири музика, таа танцува, а во меѓувреме сецкаше нешто на масата во кујната.

Биковиќ за улогата на таткото

Инаку, Биковиќ во една прилика раскажа како се снаоѓа во улогата на татко.

- Па, во таа улога човек се исполнува додека е жив. Се надевам дека цел живот ќе се исполнувам во таа улога. Таа улога се развива. Ќе видиме кога таа комуникација ќе стане малку поинтензивна. Засега се сведува на плачење- изјави Биковиќ за „Блиц“.

Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs